Освежителен пијалок од брусница и нане: Направете нешто ново со фантастичен вкус!

Што велите за комбинација од вкусна брусница и нане во една чаша. 

Освен тоа овој пијалок содржи и алкохол, кој ќе го направи пијалакот уште попривлечен за консумирање. Целата комбинација е волшебна.

Состојки:

  • 3 чаши свежа брусница
  • 1 шолја крупно сечкани листови свежо нане
  • 1 шолја шеќер
  • рендана кора од портокал
  • ½ чаша свежо исцеден сок од портокал
  • 2 чаши вотка
  • 2 чаши ликер од портокал (Triple Sec или Cointreau)
  • 2 чаши сок од брусница
  • 1 шише пенливо вино

Подготовка:

Наредете ги брусниците во плех и потоа ставете ги во замрзнувач најмалку еден час. Од друга страна, во сад со средна големина измешајте ги нането, шеќерот и кората од портокал.

Сè убаво измешајте, па прелијте со сокот од портокал. Оставете ја смесата да зоврие и мешајте додека не се раствори шеќерот. Потоа се трга на страна да се излади.

Истурете вотка, ликер од портокал и сок од брусница во садот и промешајте за се убаво да се соедини. Непосредно пред сервирање, додајте пенливо вино и замрзнати брусници (тие ќе го одржат пијалокот ладен). Истурете во чаши и декорирајте со листови нане.

Пријатно!

error: Содржината е заклучена!