Реклама
Домашното е секогаш подобро отколку да го купите, затоа направете неколку шишиња со одличен сок од цреша.




На високи температури, секогаш сакаме ладни пијалоци, затоа направете го овој сок.
Реклама
Состојки:
- 4 кг цреши
- 2 лимонтуси
- 1 литар вода
- шеќер




Подготовка:
Исчистете ги црешите од стебленцата, а потоа посипете ги со лимонтус и изматете ги со рака. Наполнете со вода и оставете да стои 24 часа.




Следниот ден, исцедете го сокот низ најмалата решетка или газа. Измерете ја количината на добиениот сок, а потоа додадете колку литри сок толку килограми шеќер и ставете го на оган да зоврие.
Реклама




Кога ќе зоврие, тргнете го од оган и процедете го, а потоа истурете го топлиот сок во измиени и стерилизирани врели шишиња. Шишињата завиткајте ги во ќебиња и оставете да се изладат. Пред консумирање изладете.




Уживајте!