ОРИГИНАЛНА САЛАТА МИМОЗА: Ладно мезе неизбежно на празничната трпеза – ќе исчезне од трпезата штом ќе го послужите!

Вреди да се проба:

Реклама

Салатата мимоза е идеална за велигденската трпеза, а ова е оригинален рецепт.

Покрај руската салата, која сепак го зазема првото место, сите најмногу се радуваат кога на празничната трпеза ќе видат салата мимозa. Оваа салата тешко може да испадне лоша, без разлика кој рецепт ќе го прифатите, најдобар е оној кој важи за оригиналниот и вистински рецепт за вашето омилено ладно мезе. Се прави едноставно и брзо, а основата се состојки кои сите ги сакаат. Повеќето луѓе јадат мимоза дури и како главно јадење, таа е толку популарна.

Реклама

Состојки:

  • 4 компири
  • 2 поголеми моркови
  • 5 кисели краставички
  • 200 гр мајонез
  • 200 гр шунка
  • 350 гр кисела павлака
  • 5 варени јајца
  • 200 гр сирење
  • сол, бибер

Подготовка:

Во шерпата ставете излупени компири и моркови, па прелијте ги со вода за да се натопат. Во друг сад ставете ги јајцата да се варат. Кога зеленчукот и јајцата ќе се сварат, оставете ги да се изладат.

Излупете ги јајцата, одвојте ги двете жолчки на страна, а потоа изрендајте ги белките  заедно со компирот и морковот на поголемо ренде. Изрендајте ги и шунката, сирењето и краставиците. Комбинирајте павлака и мајонез и зачинете по вкус.

Реклама

Ренданите компири наредете ги во стаклен сад, а потоа посолете и побиберете и премачкајте ги со павлаката и мајонезот. Наредете ја шунката, па намачкајте со тенок слој од преливот. Посипете со рендан морков, па намачкајте го со павлака и мајонез.

Наредете јајца и кисели краставички и премачкајте ги со остатокот од преливот. Одозгора посипете сирење, издробените жолчки и декорирајте по желба. Оставете во фрижидер најмалку три часа.

Пријатно!

- Advertisement -

Последни рецепти

Повеќе рецепти

- Advertisement -