Повкусно од лутеница и дефинитивно претставува сериозна конкуренција на ајварот. Покрај ајварот и лутеницата, пинџурот е зимница без која не може да се замисли зима на нашите простори.




Пиџурот е јадење од македонско потекло, но рецептот брзо се прошири низ целиот Балкан. Специјалитет кој ги краси трпезите во студените зимски денови.




Состојки:
- 1,5 кг печени пиперки
- 800 гр печен домат
- 400 мл густ сок од домати
- 50 гр лук
- 3-4 дл масло
- 40 гр сол
- 1 лажица шеќер
- 1 лажица оцет
- 2 лути пиперки (по желба)




Подготовка:
Најпрво испечете ги пиперките и доматот и потоа излупете ги. Измелете го доматот заедно со лукот, а печените пиперки исцепкајте ги на ситни . Доколку ви е полесно може и нив да ги измелете заедно со доматот.
Во длабока шерпа загрејте масло и додадете го претходно подготвениот пипер.




Пржете го 15-тина минути, а потоа постепено додавајте го мелениот домат. Оставете да се динста на ниска температура околу половина час.
Мешајте непрекинато, бидејќи доматот многу брзо се лепи. На крај додадете сол, шеќер и оцет. Гответе уште една минута, па претурете го во стерилизирани тегли и затворете ги со чисти капачиња. Оставете ги да се изладат.




Пријатен апетит!