Оригинален рецепт за кох – Омилениот десерт од детство кој е многу лесен и со совршен вкус!

Вреди да се проба:

Ова е вистинскиот, страински рецепт за кох, кој многу е едноставен и лесен за приготвување.

Кога сте во дилема каков десерт да подготвите, тогаш КОХ е вистинското решение!

- Advertisement -

Превкусните десерти кои се припремаат многу брзо се најпопуларни за сите оние кои немаат многу слободно време. Добриот, стар кох е неприкосновен брз колач.

Потребни состојки:

  • 6 јајца
  • 6 лажици гриз
  • 12 (6+6) лажици шеќер
  • 1 лажица брашно
  • 1 литар млеко
  • 1 стапче ванила

Начин на подготовка:

Изматете ги одвоено белките и во посебен сад изматете ги жолчките заедно со шеќерот. Во изматените жолчки додадете брашно, гриз и изматете ги да се соединат. Со ренде на ситно изрендајте малку прав од ванила стапчето.

Ставете ја смесата во намачкан со масло и набрашнет сад за печење (длабок сад од 5 литри). На дното од рерната ставете помал сад со вода, над него наместете ги решетките и на нив ставете го садот со смесата за печење.

Печете на 180 степени околу 20 минути.

Во меѓувреме загрејте го млекото заедно со остатокот од шеќерот и со стапчето ванила. Загрејте го млекото до вриење и тргнете од оган да се олади. Тогаш кога млекото потполно ќе се олади извадете го стапчето ванила.

Врелото тесто прелијте го со оладеното млеко и оставете го три часа да се впие млекото.

Вака добиениот кох насечете го на коцки и по желба украсете со овошје.

Добар апетит!

- Advertisement -spot_img

Последни рецепти

- Advertisement -spot_img

Повеќе рецепти

- Advertisement -spot_img
error: Содржината е заклучена!