Оригинален рецепт за домашна ТААН АЛВА

Вреди да се проба:

Многу луѓе бараат рецепт за вистинска таан алва и го добиваат оној со брашно или гриз, а не оригиналниот!

Засукајте ги ракавите и подгответе стара, ориентална слатка !

- Advertisement -

Состојки:

  • 280 гр шеќер
  • 100 мл вода
  • 340 гр тахини (паста од сусам)

Подготовка:

Варете ја водата и шеќерот додека не достигнат температура од 125 ° С. Истурете го топлиот сируп во тахинито, мешајќи добро додека масата не се изедначи и не почне да станува мека и пувкаста. Поставете тава со хартија за печење, истурете ја смесата и натиснете добро.

Кога ќе стане ептен цврсто, завиткајте во масна хартија, потоа во пластична кеса и оставете да стои во фрижидер еден ден или два.

Тахинито понекогаш го избива маслото, кое излегува на површина. Не фрлајте го, туку добро промешајте го додека не се изедначи, пред да го измешате со сирупот.

Ако сакате, можете да додадете чоколадо, печени бадеми, кикирики, лешници, ореви, суво грозје, околу 50 грама. Ако додадете нешто од ова, додадете го пред да додадете тахини.

Еве како да направите тахини: Потребни ви се, сурови семки од сусам, малку масло од сусам, но исто така можете да користите маслиново или сончогледово масло (две лажички масло одат на половина до една чаша семе).

Пред да ги мелете во блендер, пржете ги семките малку во тава додека не добијат златна боја.

Внимавајте сусамот да не ви изгори, бидејќи ќе стане горчлив. Ставете ги во блендер, додајте масло и мешајте додека не добиете мазна, густа смеса.

Добар апетит!

- Advertisement -spot_img

Последни рецепти

- Advertisement -spot_img

Повеќе рецепти

- Advertisement -spot_img
error: Содржината е заклучена!