Омлет со печурки: Кога немате идеја за вкусен појадок, еве една!

Вреди да се проба:

Реклама

Кога немате идеја за вкусен појадок, еве една. Вкусен омлет со печурки.

Состојки:

  • 500 гр печурки
  • 4 лажици масло
  • 2 лажици вегета
  • 2 чешниња лук
  • ½ лажички оригано
  • 1 лажица сецкан магдонос
  • 4 јајца
  • 4 белки

Подготовка:

Измиени и исчистени печурките исечете ги на парчиња и пржете на загреано масло. Додадете ја вегетата, сецкан лук и пржете додека не испари целата течност. На крај, промешајте ги ориганото и магдоносот и додадете ги.

Реклама

Изматете 4 јајца со жица за матење,  а од белките изматете цврст снег. Промешајте ги белките во изматените јајца и додадете малку сол во смесата.

Истурете ја подготвената мешавина од јајца во загреаното масло во широк сад, намалете го огнот и пржете околу 30 секунди.

Реклама

При сервирање ставете ги подготвените печурки на површината на омлетот, измешајте се лесно, преклопете и послужете веднаш со зелена салата.

Добар апетит!

- Advertisement -

Последни рецепти

Повеќе рецепти

- Advertisement -