ОМЛЕТ СО БРОКУЛИ И ПЕЧУРКИ ОД РЕРНА: Совршена комбинација на вкусови, а лесно се подготвува!

Вреди да се проба:

Реклама

Пробајте омлет на малку поинаков начин.

Омлет е јадење направено од јајца и млеко, пржено на путер или масло. Најчесто се подготвува со сечкана шунка, сирење, печурки, зеленчук. За да се добие вистинската текстура, цели јајца или белки се матат со малку млеко или вода за да се добијат меурчиња. Токму овие меурчиња ја даваат текстурата на омлетот. Омлетот се пече од едната страна и не се врти при печењето. Пробајте го рецептот за омлет од рерна со брокула и печурки.

Реклама

Состојки:

  • 300 гр брокула
  • 200 гр печурки
  • масло
  • путер
  • 5 јајца
  • сол, бибер
  • 100 гр кашкавал
  • 120 мл млеко

Подготовка:

Одделете ги брокулите на цветчиња и ставете ги во зовриена солена вода една минута. На путер и масло пропржете ги печурките и ставете ги на дното на огноотпорен сад.

Одозгора наредете ја брокулата. Во сад изматете јајца со млеко. Додадете сол и бибер. Прелијте ја брокулата, а одозгора изрендајте го кашкавалот. Печете 30 минути на 180°C.

Реклама

Пријатно!

- Advertisement -

Последни рецепти

Повеќе рецепти

- Advertisement -