Реклама
Брз и достапен појадок со едноставни состојки.




Кога немате време, ниту премногу состојки во фрижидерот, овој појадок е идеалното решение за да подготвите нешто брзо. Потребни ви се само неколку состојки, а ќе добиете дарежлива порција за целото семејство.
Реклама




Еве како да го подготвите овој совршено мек омлет кој наликува на кох.
Состојки:
- 6 јајца
- сол
- 300 мл млеко
- 100 мл крем за готвење/ неутрална павлака
- путер за подмачкување
Подготовка:




Прво вклучете ја рерната да се загрее на 200 степени.
Реклама




Изматете ги јајцата. Посолете и додадете павлака и млеко и убаво измешајте. Садот за печење намачкајте го со путер и прелијте ја смесата. Печете 30 минути.
Пријатно!