Олеснете ја болката во грлото со мелем од мед и куркума!

Вреди да се проба:

СЛАТКИ ПЛЕТЕНКИ: Домашни печива кои ќе ве натераат да заборавите на пекарата – се топат во уста!

Симпатична домашна плетенка е идеален начин да го започнете денот. Слатки со чаша јогурт не потсетуваат на грицки во училишниот двор и безгрижно детство. Сега...

Рецепт од ПРОФЕСИОНАЛЕН ГОТВАЧ: Киселете зелка со овие мини трикови и ќе ви трае до лето нема да се расипе!

Ако забележите дека киселењето зелка не ви успева и почнува да оди кон лошо, следете ги овие чекори и ќе ја зачувате секоја главица...

Стар РЕЦЕПТ за „најздрава САЛАТА“: Само така можете да ги зачувате СИТЕ витамини од зеленчукот во туршијата

Ако сте љубител на кисела туршија, задолжително одвојте време да ја направите „најздравата салата на светот“. Ако веќе сте совладале како да киселите зелка, време...

Плескавици од КОМПИРИ ПОЛНЕТИ СО СИРЕЊЕ: Евтино јадење со крцкава и златна кора!

Никогаш побрзо до вкусен оброк. Парчињата од компир полнети со сирење се евтин и едноставен рецепт што можете да ги јадете сами или како прилог...

Лажица мед има антибактериско и антигабично дејство, а неговата густа текстура ќе формира привремен заштитен штит над иритираното грло.

Комбинацијата од куркума и мед се покажа како вистински еликсир на здравјето кој го зајакнува имунитетот и има исклучителни антиинфламаторни и антиоксидантни ефекти. Лесно се подготвува, а ефектите се, воодушевувачки велат сите кои ја користеле оваа смеса – брзи и ефективни.

Состојки:

  • 1 лажичка мелена куркума
  • половина лажичка мелен црн пипер
  • 2 лажици природен мед
  • 2 лажици вода

Подготовка:

- Advertisement -

Соединете ги состојките па добро промешајте, и ќе имате природен препарат кој првенствено ќе ви помогне кога ве боли грлото, доколку се работи за нешто минливо. Можете да додадете и 2 лажици јаболков оцет или сок од лимон.

Секако, доколку болката не стивнува, а чувствувате дека воспалението или состојбата на грлото се влошува, консултирајте се со лекар за да избегнете компликации.

Бидете внимателни кога користите куркума бидејќи нејзината интензивна портокалова боја може привремено да ги обои вашите нокти, раце, додатоци, даски за сечење и се што ќе дојде во допир. Се отстранува со сода бикарбона, алкохол или пепел.

Оваа комбинација има и антибактериско дејство, а двете состојки со векови се користат како природни и ефективни лекови за разни болести. Според старите податоци, медот долго време се користи како природен лек за сузбивање на кашлицата.

Куркумата е добро позната и по своите силни антиинфламаторни својства, за кои е поврзана состојката куркумин. Многу е корисен при различни кожни заболувања, од псоријаза до егзема, но и за одржување на најдоброто можно ниво на шеќер и холестерол.

Комбинацијата на куркума со свеж црн пипер придонесува за уште поголема ефикасност, бидејќи црниот пипер му помага на телото да извлече што повеќе корисни куркуминоиди од куркумата. Медот ќе ја подобри апсорпцијата на куркуминот.

- Advertisement -

Последни рецепти

Домашен леб како од пекара, рецепт од познатиот готвач – крцкав однадвор, внатре мек како душа

Славниот британски пекар и слаткар Пол Холивуд откри рецепт, но и низа совети за најдобар домашен леб, кој е доволно крцкав однадвор, а сепак...

ЈАГОДИ ОД ЦВЕКЛО со фил: Декоративна салата за прослави!

Направете салата јагоди од цвекло со фил. Оваа кулинарска идеја освен што е убава е и доста вкусна. Рецептот вклучува и малку лук, кој може...

ПОСНА САЛАТА СО МАКАРОНИ И ПЕЧУРКИ: Тестенините се натопени во сок од печурки, а печениот сусам им дава посебен вкус!

Посна салата со макарони може да се јаде како оброк или да се служи како мезе за прослава. Доколку смислувате мени за Свети Никола или...

СВЕТИНИКОЛСКИ ГРАВ СО ЗАПРШКА БЕЗ БРАШНО: Се служи во чинија со риба и е превкусен!

Направете го највкусниот грав за Свети Никола. Знаеме како треба да изгледа една маса за славење. Прво доаѓа мезето, главното јадење, а потоа колачите. Наближува...

НАЈУБАВАТА ПОСНА ТОРТА СО ПЛАЗМА, ЧОКОЛАДА И КОКОС: Мали залаци кои први ќе исчезнат од трпезата!

Доколку оваа година го славите Свети Никола, ви предлагаме торта со кокос, чоколадо и плазма. Чоколадото, кокосот и бисквитите се добитна комбинација на состојки при...
- Advertisement -

Повеќе рецепти

- Advertisement -
error: Содржината е заклучена!