Ова евтино, едноставно и брзо послужување ве враќа во вашето детство.
Потребни состојки:
- 5 кг. брашно тип 500
- 5 лажици шеќер
- 3.9 литри топла вода
- 150 гр. или 100 гр. свеж квасец (може да користите и сув квасец)
- 2,5 лажици сол
- 4 лажици ракија
Подготовка:
Во поголем сад ставете го квасецот, шеќерот и на крај 3 литри топла вода. Кога ќе се растопи квасецот како и шеќерот, со мешање полека додајте половина од брашното. Додадете сол и ракија. Измешајтр сè убаво.
Додадете вода и на крај остатокот од брашното. Тестото треба да биде за нијанса погусто од тестото за уштипци. Но само за нијанса.
Започнете да го матите тестото со дрвена маталка, почнувајќи од врвот на садот кон средината. Тоа е како да го собирате тестото од ѕидот од вангла. Во исто време, свртете ја ванглата во насока на стрелките на часовникот. Вака се меша 10 минути. Може да вклучите и аларм.
Потоа тестото се остава покриено да нарасне додека не се удвои.
Повторно месете го тестото на ист начин уште 10 минути. Со мешање од работ навнатре и нагоре. Сега ставете го да нарасне до работ на ванглата.
Добро подмачкајте ги рацете. Земете парче со големина на тениско топче и со рацете расукајте го во меко тесто.
Само не притискајте премногу затоа што нема да биде воздушесто. Вака оформени се ставаат во длабока тава со масло и се пржат додека не поруменат.
Извор: alo.rs