Реклама
Пишиите или тиганици се служат со сирење, кашкавал или јогурт, но може да се послужат и во слатка комбинација со џем.




Состојки:
- 3 чаши брашно
- 1 квасец
- 1 шолја вода
- 1 чаша масло
- Сол
Подготовка:




Брашното, квасецот, солта и водата се ставаат во сад и се мешаат. Тестото откако убаво ќе го замесите оставете го да нарасне.
Реклама




Откако ќе порасне, тестото се дели на 8 парчиња кои со раце се валкаат и се прават форми т.е. тигници.




Тиганиците пржете ги на силен оган, во длабока тава со загреано масло и потоа оставете ги на кујнска хартија да се исцедат од вишокот маснотии.
Реклама
Пријатно!