Реклама
Супер ручек без месо, со тиквички и кисела павлака.




Состојки:
- 1 кг тиквички
- 1 чаша кисела павлака
- 4 јајца
- сол
- малку брашно
- малку масло
Подготовка:




Тиквичките исечкајте ги како за пржење/ по должина или прстени/ посолете малку и оставете ги да го испуштат сокот.
Реклама




Исфрлете го сокот, а тиквичките превртете ги во брашно од двете страни. Јајцата изматете ги со вилушка, додадете павлака, посолете и соединете ја смесата.




Сега подмачкајте огноотпорен сад, па наредете ред набрашнета тиквичка. Тиквичките премачкајте ги со смесата со јајца и крем и така натаму. Последниот слој треба да биде слој од крем и јајца. Покријте и печете на 200 степени 30 минути.
Реклама
Пријатно!