Одличен прилог со млад компир: Кремаст намаз со краставица и печен сусам!

Вреди да се проба:

Реклама

Одлично оди како намаз на брускети, тост или ‘ржан леб. И може да се јаде со месо или млади компири.

Состојки:

  • 1 поголема краставица (или 2 помали)
  • 250 грама фета сирење
  • 2 лажици павлака
  • 2 чешниња лук
  • 3 лажици печен сусам
  • малку сушен магдонос
  • сол, бибер

Подготовка:

Изрендајте краставица, додадете сол и оставете некое време да отстои за да се исцеди водата. Во суво тавче испржете го семето од сусам додека не добие темно кафеава боја. Измешајте сирење и павлака. Додадете краставица, мелен лук, сусам, зачин, сол и црн пипер. Комбинирајте добро и ставете го во фрижидер да се излади.

Реклама

Послужете со крекери, брускети, тост леб или како прилог на некое убаво печено парче месо.

Добар апетит!

- Advertisement -

Последни рецепти

Повеќе рецепти

- Advertisement -