Реклама
Студените денови бараат висококалорична диета. Не двоумете се да јадете нешто „силно“ и топло – тоа е потребно за вашето тело.




Состојки:
- 80 гр грашок
- 2 моркови
- 1 кромид
- 400 гр мелено месо
- 700 гр компири
- сол и бибер
- маст
- 100 мл сок од домати
- 50 мл вино
- 80 гр путер
- 50 мл млеко
- 150 гр кашкавал
- црвен пипер




Подготовка:
Издинстајте го кромидот па додадете го месото и пржете заедно додека месото не ја смени бојата. Додадете моркови и грашок, сол, бибер, вино и сок од домати. Вријте додека се не омекне и испари водата.
Реклама




Излупете го компирот, исечете го на парчиеа и варете го.
Исцедете ја водата, измешајте компири, путер и млеко и направете пире од компири.
Реклама




Во подмачкана тава, наредете слој од месото, па врз него ставете го слојот со пире од компир и најодозгора изрендајте кашкавал преку целото.
Печете околу 35 минути на 200 степени целзиусови.




Добар апетит!