Во последно време ретко има места каде може да се најде овој дамнешен деликатес кој сите сме го обожавале чекајќи ги панаѓурите и тезгаџиите.
Потсетува на детството – Вака зашеќерените јаболка можете да ги завиткате во целофан и да ги подарите некому
А еве и како можете да ги направите!
Состојки:
- 10 многу ситни јаболка
- 500 гр шеќер
- 110 мл вода
- 1 лажиче оцет
- 2 лажици мед
- црвена прехрамбена боја
- 10 дрвени стапчиња за ражничи
Подготовка:
Најпрво убаво измијте ги јаболчињата и добро избришете ги со мека крпа.
Извадете им ги рачките и на тоа место забодете им по едно дрвено стапче усмерено со остриот крај кон јаболкото.
Потоа, ставете ги водата и шеќерот да зовријат, па додадете ги и останатите состојки.
Варете одприлика 10-15 минути.
За да утврдите дали е готово, најсигурен метод е кога со лажичето капнете од смесата во ладна вода или директно го ставите лажичето под ладен млаз , по што треба веднаш да се карамелизира и да не е меко.
Тоа ви е потврден знак дека е готово. Во така жешкиот сируп ставете ги јаболката и внимавајте да е добро нанесен од сите страни, а потоа маклу протресете да падни вишокот.
На крај, оставете ги врз метален сад (чинија или тава) кој предходно е благо намастен за да се сушат.
Совет плус: Работете брзо. Целата постапка нека се одвива околу 5 минути максимално.