Овој рецепт е вирален хит на интернет: Направете паста за тестенини во рерна и уживајте во неверојатниот вкус!

Вреди да се проба:

Реклама

Нов тренд тестенините со фета сирење се јадење за кое целиот свет моментално зборува. Причината е секако едноставноста и брзината на подготовка, но и богатството на вкус.

Состојки:

  • тестенини по ваш избор
  • блок сирење фета
  • шери домати
  • маслиново масло
  • лук
  • босилек
  • сол и бибер

Подготовка:

Во длабок сад што може да се пече во рерна, ставете шери домати (едно пакување од 250 грама, на пример), прелијте ги со маслиново масло и зачинете ги со сол и црн пипер.

Реклама

Ослободете простор во средината на садот и ставете таму блок фета сирење.

Посипете со маслиново масло и зачинете со сол и црн пипер.

Реклама

Печете во рерна на 200 степени, околу 30 минути, иако најдобро ќе го процените потребното време. Тогаш кога фета сирењето ќе добие потемни рабови, време е да се извади садот.

Во исто време, гответе тестенини на шпоретот – половина пакетче треба да биде доволно за двајца, но исто така можете да ја зголемите таа количина и да го прилагодите рецептот за себе.

Кога ќе се испечат шери доматите и фета сирењето, додадете во таа смеса до две чешниња лук (смачкан) и грст сецкан босилек.

- Advertisement -

Фетата изгмечете ја со вилушка и измешајте заедно со шери доматите, лукот и босилекот, а на крај додадете ги тестенините и се измешајте добро! И тоа е тоа!

Уживајте. На здравје!

- Advertisement -

Последни рецепти

Повеќе рецепти

- Advertisement -