Реклама
Наместо мимоза, направете облак салата со зденка сирење.




Оваа салата дава посебен вкус. Во однос на состојките, облакот салата наликува на мимоза, но се одликува со чадено пилешко и зденка сирење. Задолжително пробајте бидејќи ќе ја украси вашата празнична трпеза и со вкус и со изглед.
Реклама




Состојки:
- 300 гр чадено пилешко
- 4 јајца
- 2 компири
- 1-2 пакувања зденка сирење
- 4 страка млад кромид
- мајонез
Подготовка:




Сварете ги компирите, како и јајцата, а потоа одвојте ги белките и жолчките од јајцето.




Салатата се реди така што оди по следниот редослед: се реди рендан компир, мајонез, сечкано чадено пилешко, мајонез, ситно сечкан млад кромид, мајонез, рендани жолчки, мајонез, рендани белки, мајонез и на крај најодозгора се ренда зденка сирењето. Добро изладете го ова сирење за полесно да се изренда.
Реклама
Пријатно!