НУГАТ КОЦКИ: Чоколадна фантазија која ќе ви ги заскокотка непцата!

Вреди да се проба:

СЛАТКИ ПЛЕТЕНКИ: Домашни печива кои ќе ве натераат да заборавите на пекарата – се топат во уста!

Симпатична домашна плетенка е идеален начин да го започнете денот. Слатки со чаша јогурт не потсетуваат на грицки во училишниот двор и безгрижно детство. Сега...

Рецепт од ПРОФЕСИОНАЛЕН ГОТВАЧ: Киселете зелка со овие мини трикови и ќе ви трае до лето нема да се расипе!

Ако забележите дека киселењето зелка не ви успева и почнува да оди кон лошо, следете ги овие чекори и ќе ја зачувате секоја главица...

Стар РЕЦЕПТ за „најздрава САЛАТА“: Само така можете да ги зачувате СИТЕ витамини од зеленчукот во туршијата

Ако сте љубител на кисела туршија, задолжително одвојте време да ја направите „најздравата салата на светот“. Ако веќе сте совладале како да киселите зелка, време...

Плескавици од КОМПИРИ ПОЛНЕТИ СО СИРЕЊЕ: Евтино јадење со крцкава и златна кора!

Никогаш побрзо до вкусен оброк. Парчињата од компир полнети со сирење се евтин и едноставен рецепт што можете да ги јадете сами или како прилог...

Прекрасно мека кора со какао и лешници, крем од лешник збогатен со малку еурокрем и сето тоа заокружено со чоколадо.

Состојки:

Кора:

  • 6 јајца
  • 6 лажици шеќер
  • 100 мл масло
  • 3 лажици брашно
  • 2 лажици какао
  • 100 гр печени мелени лешници
  • 10 гр прашок за пециво
- Advertisement -

Крем:

  • 600 мл млеко
  • 2 пудинга со вкус на лешник
  • 6 лажици шеќер (или по вкус)
  • 150 гр путер
  • 2 полни лажици нугат крем

Ганаш:

  • 200 мл слатка павлака
  • 150 гр чоколадо

За посипување 200 мл чоколадно млеко

Подготовка:

Прво сварете го пудингот. Во 100 мл ладно млеко измешајте ги пудингот и шеќерот, а останатите 500 мл ставете ги на оган да се варат. Кога млекото ќе зоврие, тргнете го од оган, полека сипете и промешајте. Вратете на оган и мешајте додека не се згусне.

Се трга од оган, се покрива со фолија и се остава да се излади. Вклучете ја рерната да се загрее на 180 степени. Белките се матат со шеќерот, постепено се додаваат жолчките и маслото, сето тоа додека се матат. На крај додадете ги брашното, какаото и прашокот за пециво, додадете ги мелените лешници и сè измешајте со шпатула.

Сипете ја смесата во обложен плех 33 x 23 cm или 30 x 20 и печете околу 25 минути, во зависност од рерната. Испечената и оладена кора се сече хоризонтално да се добијат две. Изладениот крем кратко изматете го со миксер, додадете го путерот и повторно изматете, па додајте го кремот нугат и сето кратко измешајте.

Чоколадото искршете го и загрејте ја слатката павлака додека не зоврие. Прелијте го чоколадото, почекајте малку и соединете. Тортата редете ја во калап со обрач или во плех. Првата кора попрскајте ја со 100 мл чоколадно млеко. Нанесете 2/3 од кремот, покријте со друга кора, која исто така ја прскаме со млеко.

Остатокот од филот нанесете го на кората и израмнете. Со оладеното чоколадо прелијте го колачот и оставете го да се излади барем неколку часа. Се сече на коцки и се сервира.

Пријатно!

- Advertisement -

Последни рецепти

Домашен леб како од пекара, рецепт од познатиот готвач – крцкав однадвор, внатре мек како душа

Славниот британски пекар и слаткар Пол Холивуд откри рецепт, но и низа совети за најдобар домашен леб, кој е доволно крцкав однадвор, а сепак...

ЈАГОДИ ОД ЦВЕКЛО со фил: Декоративна салата за прослави!

Направете салата јагоди од цвекло со фил. Оваа кулинарска идеја освен што е убава е и доста вкусна. Рецептот вклучува и малку лук, кој може...

ПОСНА САЛАТА СО МАКАРОНИ И ПЕЧУРКИ: Тестенините се натопени во сок од печурки, а печениот сусам им дава посебен вкус!

Посна салата со макарони може да се јаде како оброк или да се служи како мезе за прослава. Доколку смислувате мени за Свети Никола или...

СВЕТИНИКОЛСКИ ГРАВ СО ЗАПРШКА БЕЗ БРАШНО: Се служи во чинија со риба и е превкусен!

Направете го највкусниот грав за Свети Никола. Знаеме како треба да изгледа една маса за славење. Прво доаѓа мезето, главното јадење, а потоа колачите. Наближува...

НАЈУБАВАТА ПОСНА ТОРТА СО ПЛАЗМА, ЧОКОЛАДА И КОКОС: Мали залаци кои први ќе исчезнат од трпезата!

Доколку оваа година го славите Свети Никола, ви предлагаме торта со кокос, чоколадо и плазма. Чоколадото, кокосот и бисквитите се добитна комбинација на состојки при...
- Advertisement -

Повеќе рецепти

- Advertisement -
error: Содржината е заклучена!