Новогодишни СТАКЛЕНИ колачиња: Изгледаат интересно и се многу вкусни!

Вреди да се проба:

СЛАТКИ ПЛЕТЕНКИ: Домашни печива кои ќе ве натераат да заборавите на пекарата – се топат во уста!

Симпатична домашна плетенка е идеален начин да го започнете денот. Слатки со чаша јогурт не потсетуваат на грицки во училишниот двор и безгрижно детство. Сега...

Рецепт од ПРОФЕСИОНАЛЕН ГОТВАЧ: Киселете зелка со овие мини трикови и ќе ви трае до лето нема да се расипе!

Ако забележите дека киселењето зелка не ви успева и почнува да оди кон лошо, следете ги овие чекори и ќе ја зачувате секоја главица...

Стар РЕЦЕПТ за „најздрава САЛАТА“: Само така можете да ги зачувате СИТЕ витамини од зеленчукот во туршијата

Ако сте љубител на кисела туршија, задолжително одвојте време да ја направите „најздравата салата на светот“. Ако веќе сте совладале како да киселите зелка, време...

Плескавици од КОМПИРИ ПОЛНЕТИ СО СИРЕЊЕ: Евтино јадење со крцкава и златна кора!

Никогаш побрзо до вкусен оброк. Парчињата од компир полнети со сирење се евтин и едноставен рецепт што можете да ги јадете сами или како прилог...

Нема да можете да им оддолеете на нивниот вкус и изглед. Посебно ќе ги сакаат најмалите и најмилите.

Состојки:

  • 550 гр брашно
  • 150 гр путер
  • 180 гр шеќер
  • 1 лажичка екстракт од ванила
  • 2 јајца
  • 1 кесичка прашок за пециво
  • половина лажичка сол
  • 80 мл млеко
  • 2 кесички ванилин шеќер
  • 200 гр тврди бонбони во разни бои

Подготовка:

Загрејте ја рерната на 180С. Изматете го путерот на собна температура со шеќерот и ванилиниот шеќер. Додадете екстракт од ванила и јајце. Одделно просејте ги брашното и прашокот за пециво и малку промешајте па потоа додајте ги на претходната маса. Додадете млеко и замесете мазно тесто.

- Advertisement -

Замесеното тесто распоредете го на работна маса посипана со брашно и со сукало расукајте го до дебелина од 5 мм.Ставете ги бонбоните во кеса, а потоа издробете ги со чекан за месо. Внимавајте да не се изрони премногу.

Обложете го садот за печење со хартија за печење. Од расуканото тесто со калапи по желба извадете ги формите, а потоа со тркалезен соодветен калап отстранете ја средината на секоја форма.

Тестото наредете го на плех и на секоја средина ставете по неколку распарчени бонбони. Секое колаче прободете го со чепкалка за заби, па колачињата ќе можете да ги закачите на елката, само треба да закачите конец низ дупката.

Печете во загреана рерна 10-15 минути, додека бонбоните не се растопат, внимавајќи да не изгорат колачињата. Мора да останат бели. Печените колачиња оставете ги да се изладат во тавата, па внимателно извадете ги и наредете ги во плех.

По желба украсете со глазура. Исто така можете да слепите две колачиња едно со друго а меѓу нив во стаклениот простор да ставите украсни трошки и слично. Премногу се вкусни за јадење и треба да ги складирате во кутија, а можете и да ги ставите на елката како украс. Од оваа количина на материјал излегуваат околу 50 колачиња.

Пријатно!

- Advertisement -

Последни рецепти

Домашен леб како од пекара, рецепт од познатиот готвач – крцкав однадвор, внатре мек како душа

Славниот британски пекар и слаткар Пол Холивуд откри рецепт, но и низа совети за најдобар домашен леб, кој е доволно крцкав однадвор, а сепак...

ЈАГОДИ ОД ЦВЕКЛО со фил: Декоративна салата за прослави!

Направете салата јагоди од цвекло со фил. Оваа кулинарска идеја освен што е убава е и доста вкусна. Рецептот вклучува и малку лук, кој може...

ПОСНА САЛАТА СО МАКАРОНИ И ПЕЧУРКИ: Тестенините се натопени во сок од печурки, а печениот сусам им дава посебен вкус!

Посна салата со макарони може да се јаде како оброк или да се служи како мезе за прослава. Доколку смислувате мени за Свети Никола или...

СВЕТИНИКОЛСКИ ГРАВ СО ЗАПРШКА БЕЗ БРАШНО: Се служи во чинија со риба и е превкусен!

Направете го највкусниот грав за Свети Никола. Знаеме како треба да изгледа една маса за славење. Прво доаѓа мезето, главното јадење, а потоа колачите. Наближува...

НАЈУБАВАТА ПОСНА ТОРТА СО ПЛАЗМА, ЧОКОЛАДА И КОКОС: Мали залаци кои први ќе исчезнат од трпезата!

Доколку оваа година го славите Свети Никола, ви предлагаме торта со кокос, чоколадо и плазма. Чоколадото, кокосот и бисквитите се добитна комбинација на состојки при...
- Advertisement -

Повеќе рецепти

- Advertisement -
error: Содржината е заклучена!