НИКОГАШ НЕ ФРЛАЈТЕ БАЈАТ ЛЕБ: Само додадете го ова и ќе добиете ВКУСЕН ОБРОК!

Вреди да се проба:

Реклама

Доколку имате бајат леб и мелено месо, ова е одличен предлог за ручек или вечера!

Нема повеќе инспирација за ручек? Ако сакате нешто лесно и брзо, а неверојатно вкусно, тогаш мора да го пробате ова јадење со мелено месо. Не фрлајте бајат леб, бидејќи освен за пржена храна, можете да го искористите и за незаборавен ручек. Дополнителна предност е тоа што нема многу валкани садови.

Реклама

Состојки:

  • 400 гр мелено месо
  • 1 кромид
  • 6 јајца
  • 250 мл млеко
  • 1 домат
  • 100 гр тврдо сирење
  • бајат леб
  • сол, бибер, ким

Подготовка:

Зачинете го меленото месо со сол, бибер, ким, мајчина душица и ситно исечканиот кромид. Истурете 100 мл млеко. Добро измешајте. Во тавата сипете малку масло, а на дното нанесете го меленото месо.

Обидете се да формирате круг месо, а потоа свртете да се готви од другата страна. Одозгора ставете парчиња леб. Посолете и побиберете ги јајцата и додадете 150 мл млеко, па изматете. Прелијте го лебот.

Реклама

Покријте и печете 6 минути на тивок оган. Потоа повторно свртете и наредете ги парчињата домати, посипете со рендано сирење и повторно покријте. Оставете 3 минути на тивок оган.

Пријатно!

- Advertisement -

Последни рецепти

Повеќе рецепти

- Advertisement -