Не може да биде покрцкаво: Трик за вкусни надувани компирчиња!

Вреди да се проба:

Реклама

Се работи за супер-крцкав помфрит, кој, како и многу други работи во животот, се создадени сосема случајно.

Состојки:

  • 4 компири
  • масло за пржење
  • сол

Подготовка:

Излупете ги компирите и со остар нож исечете ги на кришки со дебелина од 2,5 мм – 3,5 мм, на кои потоа ќе ги исечете рабовите за да имаат правоаголна форма. Исушете ги кришките компир со хартиена крпа.

Реклама

Истурете го маслото во две помали длабоки тави. Нека температурата на маслото во првата тава биде 160, а во втората 185 степени Целзиусови.

Внимателно спуштете неколку парчиња компир во првата тава и нежно протресете. По пет до шест минути, компирчињатс треба да се надуваат малку. Пржете ги уште три минути додека не се надуваат целосно.

Реклама

Префрлете ги компирите со лажица во тава со потоплото масло и пржете ги уште две до три минути додека не станат крцкави. Префрлете ги на кујнска хартија за да впијат вишок маснотии и додадете сол. Повторете го процесот додека не се испржат сите компирчиња.

На здравје!

- Advertisement -

Последни рецепти

Повеќе рецепти

- Advertisement -