Реклама
Домашните сокови се секогаш подобар избор од купените, а исто така се и поздрави. Затоа, пробајте сок од јагоди.




Состојки:
- 1 кг јагоди
- 2 литри вода
- 1 лимонтус
- 250 гр шеќер




Подготовка:
Исчистете ги и измијте ги јагодите. Потоа изблендирајте ги, ставете ги во шерпа и додадете вода, лимонтус и шеќер. Гответе на средна топлина, мешајќи повремено, додека шеќерот не се стопи.
Реклама




Кога ќе почне да врие, варете уште пет минути, мешајќи повремено. Истурете го топлиот сок во стаклени шишиња кои се претходно загреани во рерна (за да не пукнат).




Кога ќе се излади, сокот се чува во фрижидер до седум дена, а доколку направите поголема количина, истурете го сокот во пластични шишиња кога ќе се олади и чувајте го во замрзнувач.
Реклама




Уживајте!