НЕШТО ПОМЕЃУ ПРОЈА И ОМЛЕТ: Интересен рецепт за брз ручек, појадок или вечера!

Вреди да се проба:

Конечно, пристигна убавото време и сите се обидуваат да поминат помалку време во кујната и да подготват нешто вкусно набрзина. Затоа, пробајте го овој рецепт.

Состојки:

  • 2 моркови
  • 1 кромид
  • 1/2 пиперка (може да биде и без пиперка)
  • сол, бибер
  • 4 јајца
  • 80 мл млеко
  • 1 лажица пармезан
  • 2 лажици пченкарно брашно

Подготовка:

Пропржете го ситно исецканиот кромид, а потоа додадете исечен морков и пиперка. Додадете сол и пржете додека не омекне.

- Advertisement -

Изматете јајца со млеко и гриз. Додадете пармезан и пржен зеленчук. Промешајте по секое додавање. Истурете ја смесата во тава што малку ја подмачкавте и попрскавте со брашно. Печете во загреана рерна на 200 ° C околу 20 минути.

Добар апетит!

- Advertisement -spot_img

Последни рецепти

- Advertisement -spot_img

Повеќе рецепти

- Advertisement -spot_img
error: Содржината е заклучена!