Непечена кремаста ТОРТА ОД СОНИШТАТА: Наредете слоевито и уживајте!

Вреди да се проба:

Реклама

Овој вкус дефинитивно ќе го обожавате…

Состојки:

  • 230 гр шеќер,
  • 250 гр брашно + 2 лажици,
  • 220 гр путер,
  • 2 јајца,
  • 500 мл хопла за шлаг,
  • малку екстракт од ванила.

Подготовка:

Во длабок сад истурете 80 гр шеќер, 250 гр брашно, 150 гр омекнат путер, а потоа измешајте рачно за да добиете смеса полна со поголеми грутки. Потоа претурете ја смесата во голема сува тава и пропржете ја десетина минути со постојано мешање додека не порумени.

Реклама

Со жица изматете две јајца и 150 гр шеќер, додадете две лажици брашно и 500 мл хопла за шлаг. Матете ја смесата со жица и на крај додадете малку екстракт од ванила. Претурете ја добиената смеса во поголема шерпа и ставете ја на оган. Со мешање загревајте ја се додека не почне да врие. Оставете да врие две минути, мешајки постојано за да не се направат грутки.

Во посебен сад изматете 70 гр путер и додавајте од варениот крем лажица по лажица, мешајте постојано додека сè убаво не се соедини.

Реклама

Калапот за торта обложете го со провидна стреч фолија, а на дното ставете тенок слој од смесата со брашно и убаво рамномерно распоредете ја. Потоа врз овој слој истурете неколку лажици фил, за да направите тенок слој од филот. Повторувајте ја постапката со двете смеси додека не се потроши количината. Завршете со смесата од брашно.

Кога ќе го завршите горниот дел замотајте ги краеви од фолијата преку калапот.  Ставете ја тортата во фрижидер 6-7 часа, по можност оставете ја преку ноќ.

Кога тортата ќе се олади убаво посипете ја со шеќер во прав или кокос.

- Advertisement -

Последни рецепти

Повеќе рецепти

- Advertisement -