Откако ќе ги пробате, тие ќе станат задолжително јадење на вашата трпеза!




Сезоната на младиот кромид во голема мера е во тек, а за неговите здравствени придобивки нашироко се дискутира. Неговиот вкус е незаменлив во варени јадења, салати, варени јајца и омлети. Но, она што оди уште подобро е тестото, особено ако додадете малку сирење. Овие пецива имаат токму такво полнење и нивниот вкус ќе ве воодушеви.




Состојки:
- 1 кг брашно
- 1 кесичка сув квасец
- 1 лажица сол
- 50 мл масло
- 450 мл топла вода
- 125 гр путер
- 1 китка млад кромид
- 200 гр младо сирење
Подготовка:




Загрејте ја водата, додадете го квасецот и шеќерот и оставете го квасецот да се активира. Во поголем сад истурете го активираниот квасец, додадете го маслото и постепено додадете го брашното, па замесете меко и мазно тесто.




Оставете го тестото да нарасне. Измијте го младиот кромид и исечете ги на прстени. Изгмечете го сирењето, додадете го омекнатиот путер и сол, па соединете со младиот кромид. Замесете тесто и расукајте го во тенка кора.




Кората од тестото премачкајте ја со приготвеното полнење од кромид, свиткајте во ролна и исечете ги на парчиња со дебелина од два сантиметри. Наредете ги полжавите на плех обложен со хартија за печење и печете ги во загреана рерна околу 20 минути на 180 степени или додека не поруменат. Послужете ги топли или ладни – и во двата случаи се исклучително вкусни.
Пријатно!