После празниците најтешко е да се зготви адекватен ручек, бидејќи никој не сака храна, и повторно – сите се гладни!
Состојки:
- 2 литри вода
- сол
- 160 гр тестенини
- 2 црвени пиперки
- 3 чешниња лук
- 1 лута пиперка
- 100 гр сирење
- 150 гр кашкавал
- лажица брашно
- околу 330 мл млеко
- 50 гр колбас
- 30 маслинки
Подготовка:
Сварете ги тестенините по ваш избор. Направете бешамел сос така што во тавата ќе ставите лажица масло или путер, лажица брашно кои малку ќе се затоплат и потоа ладно млеко.
- Advertisement -
Мешајте додека не се згусне. Промешајте и стопете го сирењето. Тргнете го сето тоа на страна.
Во масло пропржете ја пиперката, лутата пиперка и лукот. Додадете ги готовите тестенини и бешамел сосот, ставете во сад за печење, одозгора изрендајте го кашкавалот и додадете малку сечкани маслинки и сечкани колбаси. Се пече во рерна на 200 степени околу 25 мин.
Пријатно!