Необичен и вкусен ПОСЕН РУЧЕК: Пиперки со ореви!

Вреди да се проба:

Реклама

Необичен ручек кој ќе ве изненади со својот вкус и изглед. Совршен посен ручек за оние кои сакаат ручек без месо.

Состојки:

  • 10 црвени пиперки
  • 2 чаши киноа
  • коцка супа од зеленчук
  • 100 гр ореви
  • 1 кромид
  • 2 чешниња лук
  • 1 грст блитва
  • 1 домат
  • сол
  • бибер
  • црвен пипер
  • масло
  • сок од половина лимон

Подготовка:

Ставете коцка супа од зеленчук во литар вода и кога ќе се стопи, додадете киноа. Гответе 20 минути во половина покриена тава. Во длабока тава пржете го кромидот и лукот на загреано масло, додадете ги киноа, исечкана блитва, ситно исецкани ореви, сол, бибер, црвен пипер и оставете да се крчка убаво.

Реклама

Тргнете го од оган и додадете сок од половина лимон. Исчистете ги пиперките од врвовите, наредете ги во огноотпорен сад и наполнете ги со смесата. Покријте ги со парче од домат исечено на круг, истурете малку вода во садот и покријте ги со алуминиумска фолија. Печете околу половина час во рерна загреана на 200 степени.

Добар апетит!

- Advertisement -

Последни рецепти

Повеќе рецепти

- Advertisement -