Немате идеја што да зготвите за ручек – Пробајте го овој кето рецепт за МУСАКА ОД ЗЕЛКА на сосема поинаков начин

Вреди да се проба:

Реклама

Кога ќе немате идеја што да зготвите за ручек, свртете се кон едноставните рецепти подготвени на малку поинаков начин. Еве како да направите совршено сочна мусака од свежа зелка и сирење, која воедно е рецепт за кето диета.

Правилото на кето диетата е јасно – ограничена потрошувачка на јаглени хидрати. Тоа значи дека се дозволени само одредени видови храна – сите продукти од месо и риба, одредени млечни производи и повеќето зеленчуци.

Реклама

Доколку ви треба идеја за кето рецепт, или само предлог за малку поинаков ручек, пробајте рецепт за сочна мусака со зелка и сирење. Бидејќи нема месо, тоа може да го јаде секој што почитува вегетаријанска исхрана.

Состојки:

  • 1 главица зелка
  • 1 кромид
  • 2 лажички ситно сечкан лук
  • 180 гр. крем сирење
  • 170 гр. чедар сирење
  • 1 и 1/2 чаши павлака за готвење
  • 8 лажици стопен путер
  • зачини по желба

Начин на подготовка:

Загрејте ја рерната на 200 степени. Во меѓувреме, во длабока тава на путер пропржете ги ситно сечканиот кромид и лукот. Додадете ја ренданата зелка и оставете да крчка 7-10 минути, динстајќи се во сопствениот сок.

Реклама

Додадете павлака и крем сирење, додадете зачини по вкус и оставете на оган уште 5 минути. Кога е готова, смесата истурете ја во подмачкан огноотпорен сад и посипете со рендан чедар.

Печете во рерна 15-20 минути додека кашкавалот се растопи и добие златна боја.

Пријатен апетит!

- Advertisement -

Извор:Sensa

- Advertisement -

Последни рецепти

Повеќе рецепти

- Advertisement -