Некогаш беа омилени слатки на најмалите: Направете зашеќерени јаболка со 3 состојки!

Вреди да се проба:

За овој брз рецепт, доволно е да имате јаболка, шеќер и вода.

Состојки:

  • 7 јаболка
  • 550 гр шеќер
  • 180 мл вода
  • 80 гр сируп глукоза
  • стапчиња

Подготовка:

Јаболките добро измијте ги, особено ако се восочени. Отстранете ги стебленцата и избришете ги со крпа. Вметнете дрвено стапче на местото на стебленцата.

- Advertisement -

Истурете шеќер, вода и сируп од гликоза во садот. Промешајте и оставете да зоврие. Варете умерено околу 15-18 минути и не мешајте за тоа време. Шеќерот треба да стане малку жолт. Тргнете го од оган, додадете ја црвената боја за храна и промешајте.

Потопете ги јаболките додека го држите стапчето, а потоа префрлете ги на хартија за печење и оставете неколку минути да се оладат. Кога смесата ќе се олади и зацврсти, повторно ставете ја на оган неколку секунди за да можете да ги зашеќерите следните јаболка.

За рецептот, користете што е можно помали јаболка. Можете исто така да користите зелени јаболка, со нив има уште подобар контраст. Можете да користите мед наместо сируп.

Пријатно!

- Advertisement -spot_img

Последни рецепти

- Advertisement -spot_img

Повеќе рецепти

- Advertisement -spot_img
error: Содржината е заклучена!