Реклама
Дали имате идеја што да го спремате за вашето семејство за појадок или вечера? Тука сме да го предложиме следново.




Состојки:
- Пакување бел тост леб
- 100 грама шунка
- 300 грама кашкавал
За прелив:
Реклама
- 3 јајца
- 300 гр сирење
- 30 мл масло
- 2 дл јогурт
- половина прашок за пециво
- сол
Подготовка:




Изматете 3 јајца, додадете 300 грама сирење, 30 ml масло, 2 дл јогурт и половина прашок за пециво. Подмачкајте огноотпорен сад, натопете го лебот од тостот добро со преливот, па наредете го во садот, еден до друг.




Наредете ги шунката и кашкавалот, потоа уште еден слој натопен леб тост, потоа уште еден слој кашкавал и остатокот од преливот. Ставете оригано и печете 15 минути на 200 степени Целзиусови. Послужете топло.
Реклама




Пријатно!