Земете здрав, сезонски зеленчук и направете ролат што ќе ве воодушеви и вас и вашето драго семејство и гости.
Состојки:
- 850 гр тиквички
- 4 полни лажици меко брашно
- 4 помали јајца (3 ако се големи)
- 1 лажичка сол
- бибер
Состојки за полнење:
- 250 гр сирење
- 250 гр павлака
- околу 150 гр шунка
Подготовка:
Не е потребно да ги лупите тиквичките, туку само добро измијте ги и исечете ги краевите.Изрендајте и посипете ги со лажичка сол. Оставете да стои. Вклучете ја рерната да се загрева до 200 степени.
Изматете ги белките и додадете ги жолчките. Потоа додадете брашно и исцедените тиквички. Промешајте се, а потоа големиот плех за печење обложете го со хартија за печење. Истурете ја смесата во плехот, намалете ја рерната на 180 и печете ја кората околу 35 минути. Извадете ја од садот, замотајте ја со хартијата на која печевте и оставете да се излади.
Изматете ја павлаката со сирењето (ако сирењето е несолено, додадете сол). Кога ќе се олади завитканата кора од тиквички, одвртете ја и намачкајте ја со половина смеса, наредете ред шунка и над неа нанесете го остатокот од филот. Завиткајте во ролна, во хартијата за печење и оставете во фрижидер да отстои некое време, да се стегне и вкусовите да се комбинираат.
На здравје!