Реклама
Вкусна и неодолива – мора да ја испробате оваа крем супа!




Состојки:
- 1 главица карфиол од средна големина
- 1 поголема главица кромид
- 2 чешниња лук
- 2 ловорови лисја
- прстофат мајчина душица
- 2 лажици крем за готвење
- 1/2 литар бистра супа
- сол
- бибер




Подготовка:
Ситно исецкајте го кромидот и пропржете го на тивок оган додека не омекне. Кон крајот додадете исечен лук, рузмарин и мајчина душица. Додадете парчиња карфиол и подготвена супа.
Реклама




Гответе додека карфиолот не омекне и потоа изблендирајте се со блендер. Исечканата смеса вратете ја на шпорет и додадете сол и бибер по желба. Може да додадете малку вода ако сметате дека смесата е премногу густа. Додадете две лажици кисела павлака за дополнителна кремавост, оставете да зоврие и тргнете ја од оган.




Добар апетит!