Најстариот рецепт за ПАЛАЧИНКИ: Вака ги припремале старите Грци, а сега можете и вие!

Вреди да се проба:

Според пишаните податоци, палачиките први ги користеле Старите Грци. Се служеле на паузите на театарските претстави како некој вид ужинка. Преливот бил од мед и сусам. Околу театарот секогаш се наоѓал штанд на кој се печеле овие палачинки. Гледачите ги купувале и ги јаделе овие десерти на паузите помеѓу чиновите.

Римјаните го преземале рецептот и го нарекле „alita dolcia“ (нешто слатко).

- Advertisement -

Рецепт:

  • 100 г меко брашно
  • 8 лажици мед
  • 1 лажица сусам
  • 1 лажица маслиново масло
  • 200 мл вода

Подготовка:

Брашното истурете го во еден сад, постепено доливајте вода и мешајте додека не се растворат грутките. Постепено додадете 4 лажички мед.

Кога ќе го загреете тавчето, додадете ги семките сусам и пржете додека не добијат убава жолта боја.

Истото тавче загрејте го со масло, ставете една четвртина од смесата така што ќе се обликува во округлеста палачинка. Печете ја палачинката и од двете страни додека не пожолти.

Повторувајте ја постапката додека не ја потрошите целата смеса. Ова е доволно за 4 палачинки.

Печените палачинки премачкајте ги со преостанатиот мед, истурете сусам и послужете.

Добар апетит!

- Advertisement -spot_img

Последни рецепти

- Advertisement -spot_img

Повеќе рецепти

- Advertisement -spot_img
error: Содржината е заклучена!