Јагнешкото месо на овој начин, е многу ароматично и вкусно со зеленчук и компири. Ќе ве освои со својот вкус и мирис!




Состојки:
- јагнешко месо во количина колку што сакате
- 7-8 чешниња лук
- 1 глава лук
- 2 глави кромид
- рузмарин
- 5 компири
- 4 моркови
- 500 мл бело вино
- масло
- сол и бибер
Подготовката:




Посолете го добро месото па оставете да отстои половина час. Лукот излупете го исецкајте го на парчиња и посолете го и додадете му прстофат бибер и рузмарин.




Сега земете го парчето јагнешко и засечете го на неколку места од сите страни каде што ќе ставите од мешавината од лукче со зачини и на крај одозгора додадете повеќе бибер.




Зеленчукот излупете го, односно кромид, компири и моркови и исечете ги на покрупни парчиња. Месото ставете го во голем плех за печење а околу него истурете го зеленчукот. Врз месото додадете уште малку рузмарин.




Сега исечете ја главата лук на половина и двете половини ставете ги во плехот до месото. Ставете една чаша вода во плехот, 500 мл бело вино, и уште еднаш посолете и забиберете одозгора се.




Покријте со алуминиумска фолија и ставете да се пече на 200 степени 1 час. Извадете ја фолијата и печете уште половина час, повторно извадете завртете го месото од другата страна и печете уште половина час. Дококу има потреба дотурете вода во плехот.
Пријатно!