НАЈСОЧНИОТ ДОМАШЕН ЌЕБАП ВО СЛАНИНА: Подобро нешто не сте пробале!

Вреди да се проба:

Направете домашни ќебапи завиткани во сланина.

Скарата не може да биде комплетна без ќебапи. Ова популарно јадење со мелено месо е толку вкусно и толку лесно за правење. Дома немате можност да ги печете на скара, а подобро од пржење се печат во рерна. Уште подобро е кога ќе ги завиткате во сланина. Направете го овој вистински гурмански ручек кој ќе го сака целото семејство. Послужете со топол леб.

- Advertisement -

Состојки:

  • 1 парче тост леб
  • 30 мл млеко
  • 1 кромид
  • 300 гр мелено месо
  • магдонос
  • 200 гр сланина на парчиња

Подготовка:

Лебот прелијте го со млекото, и оставете го 5 минути, па заедно со кромидот ставете го во блендер. Добро изблендирајте, па добиената смеса додадете ја во меленото месо. Зачинете со сол, бибер, додадете сечкан магдонос и убаво измешајте.

Формирајте помали ќебапи, а потоа замотајте ги во парче сланина. Се редат во тавче обложено со хартија за печење. Се пече во рерна на 190°C околу 20 минути.

Пријатно!

- Advertisement -spot_img

Последни рецепти

- Advertisement -spot_img

Повеќе рецепти

- Advertisement -spot_img
error: Содржината е заклучена!