Количината е доволна за четири порции, можете да ги јадете сами или како прилог на месо …
Состојки:
- 8 поголеми компири
- 30 до 60 гр путер
- 80 мл павлака
- 1 млад кромид, ситно сецкан
- свежо рендано морско оревче
- 200 гр рендано сирење
- сол, свежо мелен црн пипер
Подготовка:
Загрејте ја рерната на 200 степени. Ставете ги компирите на решетката во средината на рерната и печете 30 минути. Избоцкајте го секој компир неколку пати со вилушка и продолжете со печење додека не омекне, околу уште 30 минути.
Извадете го компирот од рерна и намалете ја температурата на 190 ° С. Држете го компирот со крпа, пресечете го на половина за да направите форма на брод. Внимателно ископајте поголем дел од компирот во сад. Бидете внимателни да не го ископате премногу, за тој сепак да го задржи својот облик, кој подоцна ќе можете да го наполните со полнење.
Извадениот дел од компирите изгмечете ги со вилушка, а потоа измешајте ги со 30 до 45 гр путер и павлака. Измешајте млад кромид, морско оревче и зачинете со сол и бибер, по вкус. Подготвениот компир може да го посолите и да го забиберете.
Наполнете ги издлабените компири со филот, а одозгора посипете ги богато со рендано сирење. Премачкајте ги со преостанатиот путер и зачинете ги со сол и црн пипер. Ставете ги полнетите компири на хартија за печење и печете околу 20 минути. Послужете веднаш.
На здравје!