Кога немате многу време, припремете го ова прекрасно меко јогурт пециво. Нема квасец и нема чекање тестото да нарасне – се пече веднаш.




Потребни состојки:
- 100 мл. млака вода
- 180 гр. јогурт
- 650 гр. брашно тип 400
- 100 мл. млако млеко
- 1 јајце
- 1 и пол лажичка шеќер
- 60 мл. масло за јадење
- 1 лажичка сол
- 1 ќесичка прашок за пециво
- 1 лажичка путер, стопен на собна температура
*За премачкување, изматете една жолчка со една лажичка млеко.




Начин на подготовка:
Во длабок сад измешајте ги сите течни состојки. Најпрво сипете вода, па додадете масло, млеко и јогурт. Измешајте ги добро состојките. Додадете шеќер и сол, едно цело јајце и повторно измешајте убаво да добиете хомогена смеса.
Потоа додадете го брашно заедно со пециво. Измешајте добро, истурете ја смесата на набрашнета површина и замесете меко тесто. Тестото добро измесете го и поделете го на 10 еднакви топчиња.




Секое топче притиснете го малку со прсти и потоа со сукало оформете го во мала кружна коричка. Секоја кора премачкајте ја со путер и потоа завиткајте ја во ролна и од неа направете форма на јазол.
Добиените кифлички наредете ги во плех обложен со хартија за печење и премачкајте ги со една изматена жолчка со лажичка млеко.




Печете во загреана рерна на 180 степени, 20-25 минути.
На здравје!