Најмеките и најубавите домашни кифлички – Вреди да се пробаат!

Вреди да се проба:

Реклама

Ви подготвивме рецепт за највкусните и најмеки кифлички што некогаш сте ги пробале.

Потребни состојки:

  • 1 коцка квасец
  • 1 лажица шеќер
  • 1 кг брашно
  • 1 лажица сол
  • 2 лажици шеќер
  • 200 мл масло
  • 3 јајца
  • 550 мл млеко

Постапка:

Во малку млако млеко растопете го квасецот заедно со 1 лажица шеќер и малку брашно, па оставете го 10-тина минути на топло за да се активира.

Реклама

Во еден килограм брашно додадете лажица сол, две лажици шеќер, 200 мл масло, 3 јајца, активираниот квасец и топло млеко по потреба (мене ми беше доволно 550 мл).

Се замесува убаво мазно тесто и се остава еден час на топло да се удвои. Кога тестото ќе стаса, направете неколку топчиња (јас направив 10), па секое со оглагија развлечете го во тркалезна кора.

Реклама

Секоја кора сечете ја на 8 тријаголници и филувајте ги по желба.
Кифличките редете ги во тепсија, покријте ги со чиста крпа и оставете ги барем 15 минути уште малку да нараснат.

Пред печење премачкајте ги со изматена жолчка и наросете ги со сусам. Печете ги на 180-150 степени, во зависност од вашата рерна.

Пријатен апетит!

- Advertisement -

Последни рецепти

Повеќе рецепти

- Advertisement -