За да го подготвите ова совршено задоволство, треба да одвоите околу два часа и да уживате во неговото подготвување.




Состојки:
- 10 белки
- 1 лажица вински оцет
- 400 гр шеќер
Фил:
- 500 мл млеко
- 250 гр маргарин
- 2 кесички шлаг
- 150 гр мелени бисквити
- 100 гр мелени ореви
- 10 чоколадни банани
- 3 лажици брашно
- 100 гр чоколадо за готвење
- 1 кеса шлаг за крајот




Подготовка:
Прво изматете 250 гр шеќер со 10 белки за кората и додадете оцет. Мешајте со миксер додека не добиете цврст снег, а потоа истурете во плех. Погрижете се претходно да го намачкате и набрашнете плехот за печење за да не се залепи кората. Смесата треба да се пече во рерна на 150 степени, околу 45 минути.




Додека кората се пече, филот го правите со матење на жолчките со млеко, и додавате брашно и 150 гр шеќер. Мешајте да се соедини и потоа гответе на пареа додека не добиете густа смеса.




Тргнете ја смесата од шпоретот и додадете маргарин што претходно сте го изматиле, како и шлаг. Посебно матете ги шлагот и маргаринот.




Поделете го добиениот фил на два еднакви делови. Во првиот дел од фил ставете растопено чоколадо за готвење, а во вториот ситно исецкани банани, додека мелените ореви поделете ги и во двата фила.




Прво ставете го на готовата кора филот со чоколадо, потоа на следната кора филот со крем банани, и на крај покријте се со шлаг кој служи и за украсување на тортата и украсете по желба. Мелените бисквити искористете ги за украсување на тортата.
Пријатно!