Ако досега не сте направиле ништо од тесто затоа што мислевте дека не знаете, пробајте го овој рецепт. Лесно е да се направи и сигурно успева.




Состојки:
- 200 мл вода
- 400 гр брашно
- 1 лажичка сол
- 500 мл масло
- 400 гр сирење




Подготовка:
Измешајте вода, брашно и сол, а потоа измесете го тестото. Поделете се на шест дела и обликувајте топчиња. Истурете го маслото во поголем и поширок сад, а потоа натопете ги топчињата во маслото. Оставете да одморат така 20 минути.




Откако ќе одморат истегнете ги што е можно на потенки парчиња. Врз нив ставете рендано сирење, а потоа преклопете прво во должина, а потоа во ширина. Кога ќе се свитка во должина, ставете уште малку сирење, а потоа преклопете во ширина.




Треба да добиете квадратна форма. Потоа земете уште едно тесто, истегнете го што е можно потенко со рацете и посипете со сирење. Ставете го квадратот од тестото што го направивте на средина и преклопете го како првото тесто. Печете во суво и покриено тавче од двете страни.




Добар апетит!