Реклама
Доколку сте љубител на пица, а пак немате доволно време да ја подготвите, еве како да подготвите брз и вкусен оброк со вкус на пица.




Состојки:
- 6-8 кришки леб
- малку путер
- 3 јајца (за прелив)
- 1 павлака
- 100 г шунка
- 100 г чадена шунка или сланина
- 100 г кашкавал
- малку сув билен зачин, оригано
- малку кечап или сос од домати




Начин на подготовка:
Во огноотпорен сад ставете хартија за печење. Наредете ги кришките тост-леб. Секоја кришка премачкајте ја со малку путер.
Реклама
Посебно изматете ги јајцата, павлаката, исечканата шунка, чадената шунка и зачинете со сув билен зачин.




Со подготвената смеса прелијте го наредениот леб и печете на 200 степени, околу 20 минути.
Реклама
Пред крај на печењето, извадете го садот, премачкајте со кечап а одозгора изрендајте кашкавал. Вратете го плехот во рерна и печете уште неколку минути се додека кашкавал не се растопи.




Пријатен апетит!