НАЈДОБРО ЧУВАНАТА ТАЈНА НА БАЛКАНОТ: Рецепт за ВИСТИНСКИ босански бурек – јадење што зборува 100 јазици!

Вреди да се проба:

Реклама

Ова е специјалитет кој ја стави Босна на гастрономската карта на светот!

Кога сакаш да навредиш Босанец понуди му бурек со сирење – Оваа стара изрека е вистинита и денес. Во најдобар случај, ќе предизвикате расправија.

Реклама

Шала на страна, во Босна бурекот е крал на питите, пити со месо. Другите пити се именувани по главната состојка – сирење, компири, зеленило, тиква… Во сите републики на поранешна Југославија има бурек со сирење, но не и во Босна.

Причината е едноставна – бурекот таму е национално јадење и многу е вкусен и сочен. Затоа рецептот за вистински босански бурек е една од најдобро чуваните тајни на овие простори, а во продолжение е рецептот како да го направите.

Реклама

Состојки за тесто:

  • 1 кг брашно ТИП 450
  • малку сол
  • млака вода

Состојки за мешавина од месо:

  • 1,5 кг ситно сечкано говедско месо (може и мелено)
  • кромид
  • лук
  • бибер
  • сол

Подготовка:

Од наведените состојки за тесто замесете го тестото. Откако ќе го замесите, тестото треба да стои во најлонска кеса најмалку 20 минути на топло место, а во фрижидер до 2 дена.

Направете мешавна од ситно сецкано или мелено месо, со ситно сецкан кромид и лук по желба. Зачинете со сол и бибер.

Замесете го тестото, развлечете го, па премачкајте го со масло или путер.

- Advertisement -

Рамномерно распоредете ја мешавината од месо. Завиткајте ги питите и потоа премачкајте ги со масло или путер.

Бурекот се пече во загреана рерна на 250°C околу 20 минути, а потоа се остава 5 минути на дното на рерната „да се пече“.

За покрцкав бурек, посипете со малку зовриена вода.

Добар апетит!

- Advertisement -

Последни рецепти

Повеќе рецепти

- Advertisement -