Најдете инспирација за најубавите празнични предјадења, а една од нив е и мини солена торта со пилешко и печурки.




Мезето ја краси секоја празнична трпеза, па рецептите за солени колачи, кифлички, салати никогаш не се доволни. Корите за оваа мини солена торта се направени од бело мелено месо и павлака за готвење, а филот е од печурки и крем сирење. Толку е кремаст што се топи во устата. Не ви треба ни многу време да го подготвите, а тоа е најважно. Направете двојна мерка бидејќи ќе бидат потребни.
Состојки:
- 500 гр мелено бело месо
- 200-250 мл павлака за готвење
- 1 јајце
- 1 кромид
- грст магдонос
- 200 гр крем сирење
- 300 гр шампињони
- 1-2 чешниња лук
- зачин
Подготовка:




Зачинете го месото со сол и бибер и додадете го зачинот. Искршете го и јајцето, па соединете со рацете. Додадете павлака за готвење. Кога ќе добиете речиси мазна смеса, додадете сечкан магдонос и промешајте со лажица.




Истурете во плех обложен со хартија за печење. Печете на 180-200 ° C околу 15 минути. Печурките исечкајте ги на подебели кришки и оставете ги за декорација.




Остатокот, како и кромидот и лукот, ситно се сечкаат. Пропржете, па истурете крем сирење и промешајте. Кората пресечете ја на половина, па секоја половина премачкајте ја со филот. Ставете ги една врз друга а филот да биде од горната страна. Украсете со печурки.




Пријатно!