Најдобрите мини тулумби! Рецепт со гриз, без да се готви смесата!

Вреди да се проба:

Реклама

Веројатно веќе сте пробале разни рецепти за забави и можеби веќе сте го нашле совршениот за вас, но овој не го пропуштајте. 

Експертите велат дека желбата за слатко треба да се задоволи пред крајот на денот, пред спиење, бидејќи на тој начин ќе избегнете пад на шеќерот во крвта.

Реклама

Потребни состојки:

  • 360 гр брашно,
  • 140 гр гриз,
  • 2 белки,
  • 1 ванилин шеќер,
  • 2 чаши цврст јогурт (360 g),
  • екстракт од ванила,
  • 100 мл масло,
  • 1 прашок за пециво

Состојки за шербет:

  • 800 гр шеќер,
  • 500 мл вода,
  • лимон,
  • 1 ванилин шеќер

Начин на подготовка:

Најдобро е шербетот да го подготвите ден претходно, но доколку не стигнете, можете да го направите истиот ден кога ги правите тулумбите. Сварете ја водата заедно со шеќерот и откако ќе зоврие додадете ги лимонот и ванилиниот шеќер и варете уште 10 минути.

За подготовка на тестото, во сад се ставаат јогуртот, белките, маслото, ванилиниот шеќер и екстрактот од ванила и се мешаат. Додадете гриз и измешајте, а потоа брашно и прашок за пециво. Ставете го тестото во шприц за тулумби и истиснете го тестото го во врело масло.

Реклама

Пржете ги тулумбите додека да добијат темно жолтеникава боја, со постојано мешање кога ќе излезат на површина. Потоа извадете ги со лажица со дупчиња и ставете ги во шербетот.

Откако ќе впијат од шербетот, извадете ги од садот и прелијте ги со остатокот од сирупот доколку има и послужете.

Извор: svetplus.com

- Advertisement -

Последни рецепти

Повеќе рецепти

- Advertisement -