Најдобриот сендвич Монте Кристо : Рецепт кој никогаш не замира!

Вреди да се проба:

СЛАТКИ ПЛЕТЕНКИ: Домашни печива кои ќе ве натераат да заборавите на пекарата – се топат во уста!

Симпатична домашна плетенка е идеален начин да го започнете денот. Слатки со чаша јогурт не потсетуваат на грицки во училишниот двор и безгрижно детство. Сега...

Рецепт од ПРОФЕСИОНАЛЕН ГОТВАЧ: Киселете зелка со овие мини трикови и ќе ви трае до лето нема да се расипе!

Ако забележите дека киселењето зелка не ви успева и почнува да оди кон лошо, следете ги овие чекори и ќе ја зачувате секоја главица...

Стар РЕЦЕПТ за „најздрава САЛАТА“: Само така можете да ги зачувате СИТЕ витамини од зеленчукот во туршијата

Ако сте љубител на кисела туршија, задолжително одвојте време да ја направите „најздравата салата на светот“. Ако веќе сте совладале како да киселите зелка, време...

Плескавици од КОМПИРИ ПОЛНЕТИ СО СИРЕЊЕ: Евтино јадење со крцкава и златна кора!

Никогаш побрзо до вкусен оброк. Парчињата од компир полнети со сирење се евтин и едноставен рецепт што можете да ги јадете сами или како прилог...

„Монте Кристо“ е најдобриот сендвич со сирење и шунка досега. Сите го обожаваат. 

Состојки:

  • 6 поголеми кришки тост леб
  • 4 парчиња шунка или пршута сечена на тенко
  • 80 гр. рендан кашкавал гауда (12 лажици)
  • 6 лажици мајонез

За поховање:

  • јајца 2
  • млеко 5 лажички
  • прстофат сол
  • путер за пржење 2 лажици

Начин на подготовка на еден сендвич:

- Advertisement -

Ситно рендаме гауда сирење, или некој друг тврд кашкавал што го имаме. Земете 3 кришки тост леб и исечете им ја кората, бидејќи сендвичот ќе биде помек и подобро ќе се соедини со јајцата. Ставете ги кришките едно до друго и премачкајте ги со по 1 лажичка мајонез. Намачкајте го мајонезот и додадете 2 лажици рендано сирење. Врз кашкавалот ставете 1 парче шунка на две кришки, а третата кришка оставете ја на страна.

Едната кришка леб со шунка префрлете ја врз другата за да остане шунката одозгора. Порамнете ги страните и одозгора, преку шунката, притиснете со рака или со чиста кујнска даска за да ги направите слоевите потенки и подобро да се залепат еден за друг. Сега склопете ги двете залепени кришки леб со третата кришка што ја оставивме на страна, така што врз третото парче тост леб ќе ставите парче шунка над сирењето. Повторно, лесно притиснете ги сите три парчиња со дланката или таблата. Постапката повторете ја со уште еден сендвич.

Поховање и печење на сендвичот:

Во плиток сад со вилушка убаво изматете ги јајцата, млекото и малку сол. Вклучете го шпоретот да се загрее на умерен оган. Ставете ја тавата со путерот да се растопи и умерено да се загрее. Можеме да користите помала тава и секој сендвич да го пропржите посебно со 1 лажица путер или да ги пржите двата сендвичи заедно во поголема тава.

Сендвичот потопете го во изматените јајца со млеко и превртете го така што секоја страна да биде покриена со јајца. Не киснете премногу долго за да не се намокри сендвичот во внатрешноста.

Сендвичот се става во тава со загреан путер и се пржи по неколку минути од секоја страна. За време на пржењето превртете го да се пржи рамномерно од сите 6 страни.

Важно е температурата да не е висока, за да не изгори сендвичот. Извадете го сендвичот и ставете го на хартија да се впие вишокот мрснотија.

Исечете го сендвичот дијагонално и послужете.

Добар апетит!

- Advertisement -

Последни рецепти

Домашен леб како од пекара, рецепт од познатиот готвач – крцкав однадвор, внатре мек како душа

Славниот британски пекар и слаткар Пол Холивуд откри рецепт, но и низа совети за најдобар домашен леб, кој е доволно крцкав однадвор, а сепак...

ЈАГОДИ ОД ЦВЕКЛО со фил: Декоративна салата за прослави!

Направете салата јагоди од цвекло со фил. Оваа кулинарска идеја освен што е убава е и доста вкусна. Рецептот вклучува и малку лук, кој може...

ПОСНА САЛАТА СО МАКАРОНИ И ПЕЧУРКИ: Тестенините се натопени во сок од печурки, а печениот сусам им дава посебен вкус!

Посна салата со макарони може да се јаде како оброк или да се служи како мезе за прослава. Доколку смислувате мени за Свети Никола или...

СВЕТИНИКОЛСКИ ГРАВ СО ЗАПРШКА БЕЗ БРАШНО: Се служи во чинија со риба и е превкусен!

Направете го највкусниот грав за Свети Никола. Знаеме како треба да изгледа една маса за славење. Прво доаѓа мезето, главното јадење, а потоа колачите. Наближува...

НАЈУБАВАТА ПОСНА ТОРТА СО ПЛАЗМА, ЧОКОЛАДА И КОКОС: Мали залаци кои први ќе исчезнат од трпезата!

Доколку оваа година го славите Свети Никола, ви предлагаме торта со кокос, чоколадо и плазма. Чоколадото, кокосот и бисквитите се добитна комбинација на состојки при...
- Advertisement -

Повеќе рецепти

- Advertisement -
error: Содржината е заклучена!