Најдобриот рецепт за ПИРОШКИ: Мора да го испробате!

Вреди да се проба:

Реклама

Без сомнение, најдобриот рецепт за пирошки, мора да го испробате!

Состојки:

  • 700 гр брашно
  • 300 гр варен компир
  • 1 свеж квасец
  • 1 лажичка сол
  • 100 гр маргарин
  • 1 лажица зачинска сол
  • 4 жолчки
  • 250 гр млеко

Фил:

Реклама
  • 200 гр рендана шунка
  • 200 гр рендан кашкавал
  • или смеса по избор, сирење и др

За пржење:

  • матена белка
  • лебни трошки
  • масло

Подготовка:

Квасецот оставете го да стаса, а компирите сварете ги па потоа испасирајте ги во пире. Од сите состојки за тестото заедно со квасецот замесете меко тесто убаво измешано. Потоа расукајте кора од тестото.

Реклама

Кората насечете ја на правоаголници и врз секој правоаголник ставете дел од смесата за фил односно измешана шунка со кашкавал или фил по избор. Потоа секој правоаголник завиткајте го во ролна. Така направени додека да се пржат редете ги во сад намрсен со масло.

За пржење секоја пирошка првин извалкајте ја во белка од јајце, потоа во лебни трошки и пуштете ги во длабок сад со загреано масло. Се пржат додека не поруменат.

Пријатно!

- Advertisement -

Последни рецепти

Повеќе рецепти

- Advertisement -