Кремаста и вкусна супа може да се послужи дури и како самостоен оброк. Секој сака печурки, па не се сомневаме дека ќе ве воодушеви, но вие ќе ја готвите секој ден!
Состојки:
- 8 свежи печурки
- 1 чешне лук
- половина кромид
- 2 чаши зеленчукова или пилешка бистра супа
- 3 лажици брашно
- бибер
- малку сол
- чаша млеко
- 2 лажички путер
Подготовка:
Растопете го путерот на тивок оган, а потоа додадете исечени печурки и кромид. Кога печурките малку ќе ја ослободат водата и ќе ја променат бојата, додадете го исечканиот лук.
- Advertisement -
По околу една минута, додадете брашно за да ги собере целата вода и маснотии – пржете една минута до две додека не порумени. Истурете ја бистрата супа и промешајте за да не останат грутки. На крај додадете ги млекото и зачините. Гответе уште 5-6 минути на тивок оган.
Пријатно!