Најдобар трик: Направете сами домашна презла од стар леб!

Вреди да се проба:

На овој начин можете да го користите стариот леб до последното парче.

Дури и ако немате намера или имате време веднаш да ги подготвите лебните трошки, исечете го лебот на парчиња и оставете го да се исуши малку на собна температура; кога ќе ја вклучите рерната, само испечете ги и лебните трошки се готови.

- Advertisement -

Состојки:

  • Леб (најдобро е постар леб)
  • Тава за печење
  • Хартија за печење (по избор)

Подготовка:

Исечете го лебот на парчиња дебели приближно 1 см. Наредете ги ставени во плех за печење на кој по желба може да се стави хартија за печење. Ставете го плехот со лебот во загреана рерна на 200 степени и печете 10-15 минути (во зависност од дебелината на парчињата).

После тоа, свртете ги парчињата на другата страна и печете уште 5 минути. Извадете го лебот од рерната и изладете го. Изладениот леб измелете го во мелница за месо или на некој друг начин, до посакуваната големина на трошките. Готовата презла чувајте ја во затворен сад и користете ја како и обично.

- Advertisement -spot_img

Последни рецепти

- Advertisement -spot_img

Повеќе рецепти

- Advertisement -spot_img
error: Содржината е заклучена!