Највкусните лиснати кифлички: Слоевито меко тесто кое се топи во уста!

Вреди да се проба:

Изненадете ги гостите со највкусните и најмеки домашни лиснати кифлички.

Состојки:

  • 700 гр брашно
  • 300 мл млеко
  • 100 мл вода
  • 100 мл масло
  • 2 лажички шеќер
  • 2 лажички сол
  • 200 гр маргарин
  • 1 ќесичка сув квасец

За премачкување:

  • 200 гр маргарин
  • 1 јајце

Подготовка:

Од наведените состојки се замесува тесто и се остава да стаса околу 30 минути на топло.

- Advertisement -

Стасаното тесто се дели на 10 топчиња. Секое топче се расукува во кора со големина од 20 см и се премачкува со маргарин.

Корите се редат една врз друга, а последната не се премачкува со маргарин. Вака наредните кори се расукуваат во голема кора со дебелина од 5-6 милиметри. Потоа кората се сече на 12 триаголници.

Триаголниците се мотаат во ролни и се формираат мали кроасани. Се оставаат малку са стасаат пред печење, околу 30 минути, а потоа се премачкуваат со јајце одозгора.

Се печат на температура од 200 степени Целзиусови, околу 30 минути.

На здравје!

- Advertisement -spot_img

Последни рецепти

- Advertisement -spot_img

Повеќе рецепти

- Advertisement -spot_img
error: Содржината е заклучена!